Џорџ Клуни уште неразведен, утеха најде кај Џенифер Анистон

Холивудскиот глумец Џорџ Клуни нашол утеха во колешката Џенифер Анистон во пресрет на разводот, кој го очекува со 15 години помладата сопруга Амал, пишува New Idea.

Иако Клуни сè уште официјално не потврдил дека се разведува, извори блиски до него откриле дека тој е уморен од обидите да го спаси бракот со Амал.

Двајцата постојано се карале и не може да се договорат за ништо, велат тие. Најголем проблем имаат за начинот на кој сакаат да ги воспитаат своите деца, тригодишните близнаци Ели и Александер. Затоа, Клуни се свртел кон поранешната партнерка на Бред Пит, открива таблоидот.

Глумецот побарал во Анистон утеха и совет затоа што смета дека таа може да го разбере. Тој смета дека таа веќе има поголемо искуство од него по разводот од Бред Пит по 15 години брак.

Клуни често бил виден во нејзиниот дом на Бел Ер, каде што доаѓал со мотор. Негови блиски пријатели велат дека на тој начин Клуни сака да ја нервира Амал затоа што таа никогаш не ја одобри неговата љубов кон моторите, но и неговото пријателство со Анистон.

New Idea пишува дека Клуни сè уште се бори со одлуката да му стави крај на бракот најмногу поради децата. Затоа, тој често е во посета на Анистон. Тој сака глумицата да му ја открие тајната како останала среќна по разводот со Бред Пит.

„На шега знае да ја нарече кралицата на скршените срца. Вели дека Анистон е многу вешта во тоа да му понуди чај, сочувство и рамо на кое ќе плаче“, открива неименуван извор.

 

 

Scroll to Top