Џулија Робертс сподели ретка фотографија од нејзините близнаци за нивниот 19-ти роденден

Холивудската актерка Џулија Робертс (56) е мајка на близнаците, ќерката Хејзел Патриша и синот Финеус Волтер, кои максимално ги чува од јавноста и ретко споделува детали за нивниот живот, но сега се огласи по повод нивниот 19-ти роденден и објави фотографија кога биле бебиња.

„19. Нема зборови за оваа радост, забава и див ритам на заедничкиот живот“, напиша таа покрај објавата.

„Нека им е најсреќен роденден, им праќам многу љубов“, „Леле веќе имаат 19“, „Среќен роденден“, се само дел од коментарите на нејзините следбеници кои беа воодушевени од оваа објава.

Актерката има близнаци со сопругот, снимателот Дени Модер, а парот кој е во брак од 2002 година го има и 16-годишниот син Хенри Даниел. Џулија го запознала Дени на снимањето на „Мексиканецот“ во 2000 година, кога тој сè уште беше во брак со Вера Стајмберг.

Scroll to Top