Леонардо ди Каприо доживеа мала несреќа за време на својот одмор на Сардинија, каде ужива со својата 26-годишна девојка Виторија Серети.
Додека пливале во морето, 49-годишниот актер го опекла медуза. Тој се врати на јахтата, а по него и Виторија. Екипажот ја санираше раната на Ди Каприо.
Леонардо и Виторија неодамна заминаа на одмор. На луксузната јахта уживаат и актерот Тоби Мегваер и моделот Бабет Стријбос.
Неодамна странските медиуми шпекулираа дека славниот актер се жени бидејќи Виторија била фотографирана со голем дијамантски прстен. Ди Каприо и Виторија се во врска од минатото лето, а ова не е прв пат да се шпекулира дека се свршуваат.