Додека се борела со депресијата и тешката болест Лејди Гага во исто време пишувала и продуцирала музика

Пејачката Лејди Гага (37) по подолга пауза од социјалните мрежи им се обрати на фановите и јавноста со емотивна порака. Пред да се повлече рече дека се бори со депресија и дека имала самоубиствени мисли. откри дека боледува од автоимуна болест фибромијалгија која предизвикува несвестица и грчеви во мускулите.

За целиот тој период Гага не се предаде и рече дека продуцирала музика за нејзиниот специјален проект.

„Сакав со вас да споделам еден личен момент. Знам дека во последно време ме нема по социјалните мрежи, а повеќето од вас сакаат да видат нешто од мојот уметнички труд. Од минатото лето, мојата креативност ја доживувам на посебен и приватен начин. Со месеци пишував и продуцирав музика за еден посебен проект развивајќи го мојот лик за вториот дел од филмот „Џокер“. Многу месеци ја водев мојата компанија Haus Labs” и се занимавав со филантропска работа, а покрај тоа работев и на монтажата на филмот The Chromatica Ball. За прв пат по многу години можам да речам дека мојата љубов кон создавање уметност, музика, мода и поддршка на заедницата никогаш не била поисполнета“, рече Гага.

„Можеби не споделувам толку на мрежите како во минатото, но се надевам дека знаете дека ова време беше исклучително лековито за мене и ми го исполни срцето, умот, телото и креативноста. Успеав да имам личен живот кој е само за мене. Сигурна сум дека некои од вас може да се чувствуваат поинаку затоа што не сум била отсекогаш толку таинствена, но можам да речам дека ги сакам моите обожаватели, моите мали чудовишта и тоа никогаш нема да се промени“, додаде пејачката.

За потсетање Гага се повлече од јавноста за да се излечи од депресија и да поработи на своето ментално здравје, но и да работи на нови проекти. Наскоро ќе биде објавен и нејзиниот концертен филм The Chromatica Ball Tour. Во 2022 Гага одржа 19 концерти како дел од нејзината турнеја The Chromatica Ball.

 

Scroll to Top