Дојде од никаде и газеше по сите за да стигне до врвот, наскоро нова книга за Меган

Новинарот, биограф и посател Том Бауер наскоро ќе објави нова книга за Меган Маркл и членовите на кралското британско семејство. Како што пишува Daily Mail, во неа има информации за сите од кралската палата за кои малкумина знаат.

„Дознав работи кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за Меган или ќе се потврди или ќе се влоши, но во секој случај ќе биде големо изненадување“, рече Бауер.

Тој рече дека завршил со пишувањето на книгата и треба за брзо време да излезе. „Тоа ќе се случи веројатно на есен“, рече Бауер.

„Меган дојде од никаде и немаше ништо, а газеше по другите за да стигне до врвот, како некои од политичарите или тајкуните“, рече писателот и додаде дека жртвите на војвотката од Сасекс во книгата ќе раскажат за сè што доживеале од неа.

„До информациите не се стигнуваше лесно. Луѓето не сакаа многу да зборуваат за неа. Покрај тоа нејзините адвокати правеа сè за да не се објави книгата“, рече Бауер.

Кралскиот експерт Нил Шон потврди дека Меган е загрижена за тоа што сè ќе пишува и ќе биде објавено во книгата.

„Според информациите кои ги добив од добри извори, Меган е загрижена дека оваа книга може да ѝ наштети на нејзиниот имиџ. Таа е загрижена околу тоа кој сè разговарал со Бауер ѝ се прашува како нејзиниот тим ја истакнал и дали тврдењата се точни. Во секој случај, сè повеќе луѓе веруваат дека вистината пред сè ќе се дознае од оваа книга, отколку од мемоарите на принцот Хари“, рече Шон во видеото, во кое говореше за новата книга.

За потсетување, Том Бауер е познат писател и истражувач кој веќе ги има објавено неавторизираните биографии на медиумскиот тајкун Роберт Максвел, претприемачите Мохамед Ал-Фајед, Ричард Бренсон и политичарот Џереми Корбин.

Scroll to Top