Долф Лундгрен откри дека веќе осум години се бори со рак

Холивудскиот глумец Долф Лундгрен откри дека веќе осум години се бори со рак. Шеесет и петгодишната ѕвезда од филмот „Роки“ првпат јавно проговори за болеста во интервјуто со новинарот Грем Бенсингер.

„Ова е првпат јавно да зборам за тоа“, рече Лундгрен и објасни дека лекарите во Лос Анџелес му откриле тумор во бубрег во 2015 година.

„Правев скенирања на секои шест месеци. Потоа сè беше во ред пет години, но во 2020, кога бев во Шведска, ми беше утврден рефлукс на киселина. Така дознав дека имам уште неколку тумори во таа област. Со операција ми беа отстранети шест тумори, но потоа ми најдоа уште еден во црн дроб, што толку пораснал, што не можеа да го извадат со операција“, изјави Лундгрен, кој потекнува од Шведска.

Поради тоа, морал да прима друга терапија, која му предизвикала многу лоши несакани ефекти.

Лундгрен вели дека лекарите му рекле дека му остануваат уште две-три години живот, но благодарение на нова терапија, ситуацијата му се подобрувала.

Scroll to Top