Шведскиот актер Долф Лундгрен (65) и неговата свршеница Ема Крокдал (25) беа видени од папараците за време на ноќно излегување во Лос Анџелес. Беа видени заедно за првпат откако актерот искрено проговори за малигната болест со која се бори со години.
Беа лежерно облечени. Долф за состанокот носеше бела кошула, виолетова јакна и црни панталони, а Ема карирана сива јакна, која ја комбинираше со црни панталони. Имаше мала црна чанта, а изгледаа како да сакаат што побрзо ги избегнат фотографите.
Лунгрен неодамна во интервју за подкастот на Греам Бесинџер откри дека осум години се бори со ракот. Рече дека првпат му бил дијагностициран на белите дробови во 2015 година. Откако се излечи болеста повторно се врати во 2020 година. Докторот му рекол дека му остануваат уште две, три години живот.
„Ми открија тумор на црниот дроб. Тие денови почнав да мислам дека нешто сериозно ми се случува. Ми се јави хирургот и ми рече дека пораснало, дека е преголем, со големина на мал лимон. Го прашав уште колку ќе живеам и мислам дека ми рече околу две до три години. Од неговиот глас разбрав дека мисли уште помалку“, рече Лундгрен, кој призна дека употребата на стероиди влијаело на неговото здравје.
За потсетување, актерот се прослави во акционите филмови, меѓу кои најпозната е улогата на Иван Драго во „Роки.“, која потоа ја репризира во „Creed II“. во 2018 година.