Оскаровецот Вил Смит во рамки на турнејата на која го промовира новиот филм „Еманципација“, го даде првото интервју по церемонијата на Оскарите, на кои му удри шлаканица на колегата, комичар и глумец Крис Рок.
Вил во понеделникот гостуваше во новата епизода The Daily Show во која разговараше со водителот Тревор Ноах. Глумецот откри што предизвикало гнев кај него во ноќта на Оскарите кога го удри Рок. Призна дека дома го дочекал внук му кој има девет години и го прашал зошто го удрил, пишува Daily Mail.
„Остана буден за да ме дочкеа. Седевме во кујната. Ми седеше во скут и ја држеше статуетката. оддеднаш ме праша зошто го удрив“, рече Вил, кој зема марамче за да ги избрише солзите.
„Сè уште се обидуваш да ме скршиш како што тоа го прави Опра“, му рече на водителот и дополни дека тоа што му се случило на Оскарите било хаос и дека не сака премногу да зборува на таа тема, затоа што луѓето погрешно го разбираат.
„Тоа беше ужасна вечер, како што можеш и да замислиш. Постои сложена приказна која стои зад целиот тој настан. На крај на денот вистината е дека едноставно се изгубив. Поминував низ нешто таа ноќ, иако тоа не го оправдува моето однесување. Се претворив во мало дете кое гледаше како татко му ја тепаше мајка му. Сè исплива во еден момент, но, тоа не беше личноста која сакав да бидам. Се изгубив. Долго време гневот владееше во мене“, рече тој.
На крајот, актерот додаде дека неговото однесување на Оскарите е нешто што го убива и дека може да има негативно влијание врз новиот филм „Еманципација“, чија премиера во кината ќе биде на 2 декември.