Кантри ѕвездата Доли Партон рече дека ќе се повлече од годинашната номинација за влез во Куќата на славните на Рокенролот. Таа рече дека не сака да влезе затоа што не ја заслужува номинацијата и дека не сака на другите кандидати да им ги зема гласовите.
„Многу сум благодарана за номинацијата и тоа навистина ми ласка, но мислам дека ја немам заслужено. Не сакам заради мене другите да ги изгубат гласовите. Се надевам дека ќе го разберат мојата одлука и дека ако заслужам повторно ќе ме имаат во предвид“, рече Партон.
Нејзиното име веќе со месеци се појавуваше на листата номинирани за Куќата на славните на Рокенрол заедно со уште голем број други познати ѕвезди како Еминем, Кејт Буш, Лионел Ричи, Дион Варвик, англискиот бенд Дуран Дуран, рок бендот „Њујорк Долс“ и британското поп дуо Eurythmics.