Домашната помошничка го тужи Безос, не ѝ давал да оди во тоалет

Поранешната домашна помошчнка на Џеф Безос подигна тужба против вториот најбогат човек на светот поради дискриминација и лоши услови за работа. Мерцедес Веда рече дека работела по 14 часа дневно без паузи во нехигиенски услови.

Веда била домашна помошничка во резиденцијата на Безос во Сиетл. Работела три години, период во кој тврди дека била дискриминирана поради расата. Кога се пожалила неправедно добила отказ, пишува Daily Mail.

Таа и останатиот персонал морале да излегуваат низ прозор од резиденцијата за да отидат во тоалет, затоа што не им било дозволено да го користат оној во вилата. Освен тоа, не им било дозволено да користат паузи за ручек. Адвокатот на Безос ги отфрли сите обвинувања велејќи дека нема основа за нив.

Тужбата која ја поднела бившата помошничка се донесува на Безос и две компании кои се грижеле за неговиот персонал и имот. Веда работела во резиденцијата во Сиетл, но, по потреба морала да чисти и во други недвижности на основачот на „Амазон“.

Безос резиденцијата во луксузната населба Медина ја купил во 1998 година, а наводно ја платил околу 10 милиони долари.

 

Scroll to Top