Доналд имаше уплав Меланија да не дознае за аферата со порно ѕвездата: нови детали за аферата што ја тресеше Белата куќа

Меланија Трамп наводно поминала неколку ноќи во хотел за да се оддалечи од Белата куќа, кога се појавија текстови за аферата поранешниот американски претседател  со порно актерката Сторми Даниелс.

„Доналд Трамп се плашеше од реакцијата на неговата сопруга кога се согласи да ѝ плати на порно ѕвездата 130.000 долари 15 месеци претходно“, изјави извор близок до поранешниот претседател.

„Тој знаеше какви може да бидат последиците, беше подготвен да направи сè што е во негова моќ за да ја задржи Меланија“, вели изворот.

 

 

Бесната Меланија поминала неколку ноќи во луксузен хотел подалеку од претседателот Трамп, откако во јануари 2018 година се појави веста дека тој ѝ платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нивната врска.

Адвокатот на Трамп тогаш рече дека поранешниот претседател продолжува да ги негира наводите за сексуална врска со Даниелс, нарекувајќи ги тие 130.000 долари „непријатна исплата“, која богатите или познатите луѓе понекогаш ја плаќаат за да смират несакана ситуација.

Трамп негира дека имал афера со порно ѕвездата

Тој негира каква било поврзаност и афера со Сторми Даниелс (44), а случајот го нарекува политички мотивиран. Меѓутоа, поранешната прва дама, сега 52-годишна, решила да го напушти сопругот кога Волстрит журнал ја пријави исплатата на Даниелс во јануари 2018 година.

 

 

По објавата, магазинот за славни личности објави интервју со Сторми во 2011 година во кое таа зборува за сексуалната средба со Трамп во 2006 година во хотелска соба во казино во Невада по хуманитарен голф турнир на славни личности.

Списанието го чувало интервјуто седум години пред да го објави.

„Беше вознемирувачко и понижувачко, нејзиниот однос со претседателот Трамп стана затегнат“, изјавил извор за Дејли Мејл по објавувањето на веста за исплатата.

Scroll to Top