Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се разведуваат, пишуваат светските медиуми, откако тој се соочува со обвинение на суд.
Тој во вторникот се појави на суд откако официјално беше уапсен. Трамп беше обвинет по 34 точки од обвинението и се изјасни за невин.
Нему му се суди за измама на парите што наводно ги платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс за нејзиното молчење за нивната врска. Нивната наводна афера се случила за време на претседателската кампања во 2016 година додека неговата сопруга Меланија Трамп била бремена.
Иако на почетокот извор близок до семејството изјави дека Меланија била со нејзиниот сопруг, сопружниците живеат сосема одвоени животи.
Извори за „Мирор“ изјавиле дека Доналд и Меланија живеат одвоено, поради што луѓето веруваат дека можеби ќе се разведат. За сето ова придонесува и фактот што Меланија јавно не го поддржувала својот сопруг додека му се суди.
Во понеделникот Трамп полета за Њујорк, додека неговата сопруга наводно не била со него во авионот. Наместо Меланија, на поранешниот претседател му се придружиле голем број соработници во кампањата, меѓу кои и неговиот син Ерик Трамп, портпаролот на кампањата Стивен Чеунг, долгогодишниот помошник за комуникации Џејсон Милер, поранешниот помошник во Белата куќа Ден Скавино и Борис Епштејн, кој беше во тимот адвокати. кој го лансираше лажниот правен обид да ги поништи резултатите од 2020 година.
„Нивните патишта едвај се вкрстуваат“,изјавил изворот за Мирор.