Дозвола за брак со разведена личност и прегрнувања во јавност, кралски правила кои Елизабета ги промени за да биде поблиска до народот

Во седумдецениското владеење, колку што долго беше на тронот, кралицата Елизабета Втора направи многу промени, сè со цел го доближи кралското семејство поблиску до јавноста.

Така на пример едно од кралските правила кои ги промени е и она со кое до 2002 година, членовите на нејзиното семејство не можеа да стапат во брак со разведена личност. Со измената на ова правило принцот Хари имаше можност да се ожени за Меган Маркл, која беше разведена.

Ова правило го воведе Англиската црква, скандал за првпат настана во времето на кралот Едвард VIII, кога реши да се откаже од тронот само за да се ожени со Волис Симпсон, која беше разведена.

Друга промена е и слободата на папараците да ги фотографираат членовите од кралското семејство. Првиот фотограф кој успеал да направи неофицијални фотографии од кралското семејство е Реј Белисарио. Во 50-те бил непожелен меѓу членовите од кралското семејство.

Денес благодарение на кралицата Елизабета, папараците се неизбежен дел од секој кралски настан, а членовите на кралското семејство со задоволство им позираат.

 

Свадбата на кралицата Елизабета и принцот Филип во 1947 година беше пренесувана на радио и јавноста можеше да види само фотографии од настанот. Денес кралските венчавки ги следат милиони од целиот свет. Таков беше примерот со венчавката на Хари и Меган.

Порано сите жени од кралското семејство, вклучувајќи ја и Елизабета, се породуваа во палатата.  Тоа се промени по раѓањето на принцот Вилијам. Од тогаш жените од кралското семејство одлучија да се породуваат во болница и позираат за папараците кога си одат во палатата.

Претходно раѓањето на децата од кралското семејство се најавувало преку огласна табла пред Бакингемската палата, а денес се споделуваат на официјалните профили на социјалните мрежи на кралското семејство.

До пред некоја година, тронот можеа да го наследат само машките деца, без разлика дали ќерката на владетелот е постара од синот. Од 2015 година и ова правило е променето. Сега ќерката на Вилијам, Шарлот има предимство пред нејзиниот помлад брат Луи.

Традицијата за Божиќ, во која порано кралското семејство се забавува со претстави во кои учествувале самите тие, денес е заменета со размена на смешни подароци. Една од таквите претстави е снимена во 1941 година, со кралицата Елизабета и сестра ѝ принцезата Маргарет.

Во минатото, кралицата ја водеше парадата по повод нејзиниот роденден јавајќи коњ. Оваа традиција е стара над 260 години и во неа учествуваат 1.400 војници, 200 коњи и 400 музичари. Во последниве неколку години, кралицата беше дел од парадата, но во кочија.

Во минатото, поклонувањето пред кралицата, но и другите членови од кралското семејство било задолжително, а денес иако ова правило сè уште важи, тие преферираат обично поздравување.

Во минатото, членовите на кралското семејство држеле растојание од луѓето кога се појавувале во јавност, па дури и кога разговале со нив, а денес сакаат и да се прегрнуваат со луѓето.

Scroll to Top