Др Дре заздравува и вели дека се чувствува добро откако претрпе мозочна аневризма

Рап-легендата и музички продуцент  Доктор Дре  рече дека  се чувствува одлично благодарение на својот медицински тим, откако неделава  претрпе мозочна аневризма и беше на интензивна нега.

Според ТМЗ, Дре претрпел аневризма во понеделникот и со возило на брза помош бил пренесен во медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес.

„Благодарност до моето семејство, пријатели и фанови за нивниот интерес и желби за брзо заздравување. Одлично се чувствувам и добивам одлична нега од мојот медицински тим. Набргу излегувам од болница и се враќам дома. Благодарност до сите големи медицински професионалци во Седарс“, напиша Дре на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Dre (@drdre)

Scroll to Top