Драмата Лајвли-Балдони продолжува: уште еден актер се сврти против Блејк

Мислевте Блејк Лајвли и Џастин Балдони се смириле? За жал (или за среќа на оние кои го чекаат исходот на ситуацијата), сте погрешиле. Заедно со Балдони, уште еден актер од филмот It Ends With Us се сврте против Блејк.

Адам Мондшајн, кој го играше д-р Данбар во сцената на раѓање, се осврна на претходните тврдења на Лајвли дека неговиот пристап на снимањето бил „инвазивен и понижувачки“. Мондшајн рече дека не сакал да шпекулира за нејзините мотиви, но го дал своето мислење за сцената.

„Мислам дека е непотребно да се каже дека моето искуство во работата со неа беше значително различно од она што таа го опиша во нејзината тужба. Всушност бев изненаден од нејзиниот опис на сцената. Никогаш не се пожали ниту рече дека и е непријатно бидејќи ништо необично или несоодветно не се случило. Се беше целосно професионално“, изјави тој за Дејли Меил.

Тој додаде дека е подготвен да сведочи во судскиот процес меѓу Лајвли и Балдони доколку е потребно: „Ако бидам повикан да сведочам, ќе ја кажам вистината и ќе бидам отворен, што и да побараат од мене со соодветна правна заштита“.

Судењето треба да започне на 9-ти јуни следната година.

Scroll to Top