Канадскиот рапер Дрејк го собори рекордот на Битлси како изведувач со најмногу песни меѓу петте најслушани на листата на „Билборд“. Овој рекорд го држеше познатата британска група 55 години.
Неговиот последен хит Stayin Alive го направи во соработката со неговите колеги Диџеј Калед и Лил Бејби. „Битлси“, пак, последен пат се најдоа на топ-листите со нивниот хит The Long and Winding Road од 1970 година.
Дрејк го држи и рекордот по бројот на песни во топ 10, топ 20 и топ 40 на листата Hot 100 на „Билборд“.
Не е првпат Дрејк да урне рекорд на Битлси. Тој во 2018 година имаше најмногу топ 10 хитови во една година.