Дру Баримор призна дека немала секс од 2016 година

Американската актерка Дру Баримор откри дека немала секс од 2016 година, откако се разделила со Вил Копелман. Таа на инстаграм профилот ја напишала нејзината лична приказна за апстиненцијата од интимни односи откако останала самохрана мајка.

„На речиси 48-годишна возраст се чувствувам сосема поинаку за интимноста отколку кога растев. Немав родители кои ми беа примери и уште од мала се дружев со луѓе на возрасен начин”, открила Баримор.

Таа раскажува дека после нејзините две деца и разделбата од нивниот татко, го сменила фокусот кога станува збор за љубовта кон себе и нејзините две ќерки. А тоа значи дела не ги вклучува мажите мажите, веќе некое време.

Баримор неодамна за време на една епизода од своето ток-шоу откри дека може да остане без секс неколку години. Имено, актерката и ко-водител Рос Метјус разговарале за признавањето на актерот Ендрју Гарфилд дека бил во целибат половина година за да се подготви за улогата на свештеник во филмот Silence од 2016 година.

Актерката не била импресионирана од шестмесечниот период на апстиненција на Гарфилд.

“Дру може да помине шест месеци без секс. Нема ништо страшно”, се пошегувал ководителот Метјус и истакнал дека тоа ќе биде нов наслов во списанијата. На тоа актерката го коригирала, велејќи дека може да се воздржува со години од секс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)

Scroll to Top