Дуа Липа објави фотографија со новото момче

Познатата пејачка Дуа Липа ги изненади своите фанови со објава на Инстаграм. Имено, таа објави фотографија од себе и Калум Тарнер и со тоа потврди дека излегува со британскиот актер.

На фотографијата тие лежат на тревата еден спроти друг и се гледаат во очи.

Тие ги поттикнаа гласините за нивнатата романса на премиерата на серијата на Калум Masters Of The Air во јануари. Двојката е видена во јавноста неколку пати, вклучително и по забавите на Греми и Брит наградите. По објавувањето на нејзиниот албум Radical Optimism во мај, парот беше виден како шета во Њујорк, пишува People.

Калум Тарнер е шест години постар од Дуа Липа, а актерската кариера ја започна во 2011 година. Тој е познат по неговите улоги во серијата филмови „Fantastic Beasts“ и „The Boy in the Boat“ на Џорџ Клуни. Покрај со глума, таа се занимава и со манекенство. Работел за брендови како што се Burberry, Reebok и Vogue.

Scroll to Top