Холивудската актерка Eва Лонгорија (47) носеше креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски, кој со години живее и работи во Австралија. Тој ја облече во црн макси фустан со два шлица.
Ѕвездата од „Очајни домаќинки“, која со години соработува со него, ја сподели креацијата на својот инстаграм-профил.
„Два шлица се подобри од еден“, напиша таа под објавата.
View this post on Instagram
За потсетување, Матичевски неодама ја облече и холивудската актерка Кристен Стјуарт за гала-вечера пред „Оскарите“. Таа носеше дводелен комплет во бела боја, топ и тесно здолниште, што актерката ги комбинира со бели салонки.
Покрај овие две познати дами, тој во текот на годините креира и за Џенифер Лопез и за Пенелопе Круз. Во едно од своите интервјуа за „Ел“ изјави дека неговото македонско потекло има влијание и во создавањето на која било колекција и се инспирира од етно-традицијата во Македонија и нејзината околина. Но, за жал, вели дека не е упатен многу за модната сцена во Македонија и во поранешна Југославија.
Македонскиот дизајнер Тони Матичевски ја облече Кристен Стјуарт за гала вечера пред Оскарите