Холивудскиот глумец Стивен Сегал кој се смета за голем пријател на рускиот претседател Владимир Путин, отворено зборуваше за конфликтот кој се случува во Украина и руската инвазија врз земјата. Тој за New York Post рече двете земји ги гледа како едно семејство.
На Сегал во 2017 година му беше забранет влез во Украина во период од пет години. Влезот му беше забрането поради рускиот пасош кој му го издаде Путин.
„Повеќето од нас имаат пријатели и семејство во Русија и Украина. Јас на двете страни гледам како на едно семејство и навистина верувам дека станува збор за надворешен ентитет кој троши многу пари на пропаганда и провокација на овие две земји да бидат во меѓусебен конфликт“, рече Сегал за Fox News Digital.
„Се молам двете земји да дојдат до позитивно и мирно решение со кое ќе можат да живеат и напредуваат заедно во мир“, додаде глумецот.
Руското министерство за надворешни работи го именуваше Сегал во 2018 година за специјален пратеник за хуманитарни односи со САД. Неговата позиција требаше да ги олесни односите меѓу Русија и САД на хуманитарното поле и да овозможи соработка на полето на културата, уметноста, јавноста и разбирањето меѓу младите, пренесоа светските медиуми.
Исто така во 2021 година Сегал официјално беше примен во политичката партија „Про-Путин Праведна Русија, Патриоти за вистината“. Во 2016 година стана и руски државјанин, а во 2014 година го бранеше руското водство за време на направената анексија на Крим.
Стегал тогаш го нарече Путин еден од најголемите живи светски лидери. Откако доби руско државјанство кое му го врачи самиот Путин, Украина го нарече закана и му забрани влез во нивната земја во период од пет години. Неговото државјанство требаше да ги подобри односите меѓу Русија и САД. Со оглед на тоа дека Путин и Сегал се занимаваат со боречки вештини, заедно се имаат појавени на неколку свечености за време на неговиот престој во Русија.