Двојникот на Киану Ривс ја доби пресудата против Фејсбук, откако компанијата му го укина профилот

Бразилецот Маркос Џивс кој е сличен на Киану Ривс, ја доби пресудата против Фејсбук откако компанијата му го укина корисничкиот профил.

Судот во Рио де Жанеиро пресуди дека Фејсбук мора повторно да го активира профилот на Маркос и да му плати околу 880 евра. Доколку не му го вратат профилот во следните пет дена, Фејсбук ќе треба да му плаќа дополнителни 35 евра за секој нареден ден.

„Битката со Фејсбук траеше две години. Штом сфатија дека личам на актерот, за неполни три месеци ми го избришаа профилот од Фејсбук. Во исто време има бројни профили кои се претставуваат дека сум јас и бараат пари од фановите, а тие профили останаа активни“, рече Маркос.

Џивс сфатил дека изгледа како познатиот холивудски актер пред 17 години, но не мислел дека може да живее врз основа на таа сличност додека не ја изгубил работата. Потоа, тој се сврте кон работата во која ја игра ѕвездата на Матрикс, а го користи Фејсбук за промовирање и договарање работни места.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marcos Jeeves (@marcosjeeves)

Scroll to Top