Британскиот кантавтор Ед Ширан е позитивен на коронавирус. Тој на Инстаграм објави дека е во самоизолација и дека ги почитува препораките на британската влада.
Музичарот рече и дека ќе продолжи со своите настапи и ќе дава интервјуа од својот дом во Сафок.
„Им се извинувам на сите што ги изневерив, сакам сите бидете безбедни“, рече Ширан, кој минатата недела настапи во Лондон за време на доделувањето на наградите Earthshot, наменети за оние кои се обидуваат да ја спасат планетата.
Наградите ги доделува Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ.