Британскиот музичар Ед Ширан е обвинет од пејачот Семи Свич и неговиот музички продуцент, Рос О’Донахју дека им ја украл нивната песна Oh Why која ја снимиле во 2015 година.
Тие тврдат дека поедини стихови од таа песна можат да се препознаат во големиот хит на Ширан Shape of You од 2017.
Ширан во вторникот мораше да ја запее песната во судот во Лондон за да докаже дека тоа не е така. Тој ги испеа спорните стихови, а потоа и песната на Нина Симон Feelonng Good, за да докаже дека станува збор за тотално различни песни со ист тоналитет.
Нивната мелонија сепак звучи слично. Адвокатот на Свич и неговиот продуцент, Ендру Сатклиф, рече дека Ширан веројатно претходно ја копирал, додека тој и неговите соработници негираа.
Тој опширно го испрашуваше Ширан за процесот на пишување песни во октомври 2016 година со неговите коавтори Стивен Меккачеон и Џон Мекдеид. На суд се пуштаа и снимки на кои Ширан пее на различни висини.
„Јас, Џони и Стив дојдовме тука за да ги исчистиме нашите имиња“, рече пред судот и додаде дека никогаш претходно не слушнал за музичарот кој го тужел и за неговата песна.