Ед Ширан го објави ремиксот на песната „2Step“ со украинскиот бенд Антитила. Соработка започна откако бендот беше одбиен да настапи на добротворниот концерт на кој настапи британскиот текстописец.
Песната беше објавена во понеделникот заедно со видео снимено во Киев и на теренот во североисточна Украина, каде што фронтменот на бендот, Тарас Тополија, работи како лекар. Антитила е поп-рок бенд чиј најнов албум, Millennial, беше објавен само неколку дена по избувнувањето на војната во нивната родна земја.
Комуникацијата на бендот со Ширан (31) и неговиот тим почна во март кога Тополиа и неговите колеги од бендот се појавија на Тик-ток, барајќи да се приклучат на претстојниот добротворен концерт на кој ќе се соберат пари за украинска хуманитарна помош. На „Концерт за Украина“ учествуваа многу уметници, меѓу кои Камила Кабело, Сноу Патрол, Емели Санде и Ширан. Двочасовниот настан собра 17,6 милиони долари за хуманитарниот апел на Комитетот за катастрофи во Украина (DEC) од спонзорства, приходи од реклами, продажба на билети и јавни донации.