Ед Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн станаа родители, а веста ја потврди Ширан на Интаграм каде напиша: „Ние сме на седмо небо откако нашата ќеркичка дојде на овој свет и апсолутно сме вљубени во неа“.
Ова е прво дете за двојката, кои ја криеја бременоста. Тие открија дека името на бебето е Лира Антарктика.
Ширан и Сиборн се заедно уште од основно училиште, а се венчале пред Божиќ 2018 година, што пејачот го потврди дури неколку месеци подоцна.
Ширан за Нова година објави дека ќе земе пауза од музиката откако претходно две и пол години непрекинато беше на турнеја.