Ед Ширан заработува еден милион евра дневно

Британскиот пејач Ед Ширан заработува околу 1 милион евра дневно, пишуваат светските медиуми. Тој лани заработил 375 милиони евра, а плати повеќе даноци отколку „Амазон“. Според медиумите, ниеден музичар досега не заработил толку многу за една година.

Според податоците на магазинот „Форбс“, 27-годишниот Ширан во 2018 година одржа 95 концерти во 18 земји на четири континенти. На десет од тие концерти пееше со скршена рака. За следната година популарниот пејач има договорено 44 настапи.

Scroll to Top