Една од најбараните модели на денешницата, Кендал Џенер, е ѕвездата на новата насловна страница на „Вог“.
Таа ја делеше насловната на познатото списание со својата колешка и долгогодишна пријателка Џиџи Хадид, и може да се каже дека двете убавици блескаа.
Сепак, најголемо внимание на јавноста привлече Кендал и нејзината „контроверзна“ изјава. Имено, таа планира засекогаш да ја напушти модната писта, за да се посвети на дизајнот на ентериер.
„Се колнам, се откажувам од сè и само ќе дизајнирам ентериери на куќи. Не е шега“, рекла таа.
Се чини дека рефлекторите повеќе не ѝ одговараат, а таа сака потивок живот за себе.
„Го сакам просторот во Лос Анџелес, но го сакам и едноставниот живот. Обожавам да се будам секое утро и да облечам костим за капење или тренерка, без шминка. И обожавам да бидам слободна цел ден“, додаде таа.
Животот и воспитувањето на Кендал беа во центарот на вниманието, а кога се појави во реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ имаше само 11 години.
Подоцна стана една од најплатените модели на новата генерација, а нејзиното „рано пензионирање“ може да го потресе светот на модата.
фото: принтскрин