Едвард Нортон откри дека вистинската Покахонтас му е прабаба

Американскиот глумец Едвард Нортон во шоуто на историчарот Хенри Луис Гејтс за историските семејни корени на телевизијата PBS, Finding Your Roots, дозна дека вистинската Покахонтас, по која е снимен анимираниот цртан филм била негова прабаба.

Покахонтас била ќерка на поглавица на Индијанците во 17 век, а Нортон од неговата семејна врска дознал дека му била 12 прабаба. Хенри му го потврдил тоа и додаде дека Покахонтас се омажи за доселеникот од Вирџинија, Џон Ролф.

„Без сомнение имате директна поврзаност со нив, а тоа може да се види и на хартија. Покахонтас е вашата 12-та прабаба, а Џон Ролф прадедо“, рече Хенри, кој откри дека двајцата се венчале на 5 април 1614 година во Џејмстаун во Вирџинија, време уште кога Шекспир бил жив.

Додаде и дека документите откриваат дека Покахонтас починала три години подоцна во Грејвсенд во Англија, додека Ролф починал во март 1622 година.

„Тоа само те тера да сватиш колку си мал во целата таа човечка приказна“, рече Нортон.

Покахонтас е индијанката која во 17 век ги дочекала англиските доселеници на денешната територија на САД. Легендата вели дека му го спасила животот на капетанот Џон Смит, спречувајќи го неговото погубување, така што ја ставила нејзината глава на неговата.

Емисијата која ја следи историјата на предците на познатите личности, откри дека третиот прадедо на Нортон е Џон Винстед, кој поседувал семејство на рбови, меѓу кои 55 годинишен маж, 37 годишна жена и пет млади девојки на возраст од 4,6,8,9 и 10 години.

53 годишниот Нортон рече дека го истражувал потеклото пред да се појави во емисијата и рече дека тој дел од историјата не му одговара. Прашан како се чувствувал кога дознал дека неговиот предок бил робовладетел, Нортон одговори дека му е непријатно.

„Краткиот одговор е дека овие работи ми се непријатни. И треба на човек да му бидат непријатни. Тоа не треба да претставува суд за вашиот живот, туку суд за историјата на оваа земја и тоа е нешто што треба да се признае, а потоа да се избориме со оваа вистина“, рече Нортон.

Рече објасни дека кога дознал дека неговите предци биле робовладетели осум години, можел само да претпостави како им било на робовите.

„Тогаш едноставно посакувате да умрете“, рече Нортон.

 

 

 

Scroll to Top