Елен Деџенерис изненади со изјавата: Ме гледате последен пат

Елен Деџенерис ги изненади присутните на прес-конференцијата кога објави дека се повлекува од светот на шоу бизнисот. Комичарката и водителка моментално е на турнеја на која го промовира специјалното издание на Нетфликс за најновиот стенд-ап на Елен, а зборувајќи пред новинарите и обожавателите во Калифорнија, таа откри дека се пензионира по 40-годишна кариера.

„Ова е последен пат кога ќе ме видите.

66-годишната комичарка стана една од најомразените луѓе во САД кога вработените во нејзиното ток-шоу ги обвинија извршните продуценти за „токсична работна средина“. Тројца продуценти беа отпуштени поради обвинувањата за недолично однесување и сексуално вознемирување.

Деџенерис се извини во етер, но реакциите не стивнуваат, а нејзиното шоу заврши во 2022 година, по 19 сезони.

Деџенерис претходно сподели дека се занимава со градинарство откако заврши шоуто и дека собира кокошки како домашни миленици.

„Што повеќе да кажам? О да, ме исфрлија од шоу-бизнисот затоа што бев злобна. Нема лоши луѓе во шоу-бизнисот. За оние од вас кои водат евиденција, ова е втор пат да ме исфрлат од шоу-бизнисот… На крајот ќе ме исфрлат трет пат затоа што сум злобна, стара и геј“, рече таа.

„Знам дека барам многу, дека сум нетрпелива и опасна. Јас сум силна жена. Јас сум многу работи, но не сум злобна. Отсекогаш сум велела дека не се грижам што велат луѓето за мене. Сега сфаќам дека тоа сум го кажала на врвот на мојата популарност“, додаде таа.

Scroll to Top