Милијардерот и иноватор Елон Маск за првпат ќе стане татко. Неговата девојка, пејачката Гримес на „Инстаграм“ објави гола фотографија од неа, со бебе во стомакот.
„Го победив срамот и одлучив дека не треба да се чувствувам непријатно кога е во прашање моето тело. Имајте убав ден“, напишала Гримас на „Инстаграм“.
Пејачката објасни дека размислувала дали да ја објави сликата и дека повеќето пријатели ја советувале да не го прави тоа. По невкусните коментари на социјалните мрежи дека со бременоста и Елон Маск покрај себе, таа се обезбедила за целиот живот, таа им одговорила дека не ѝ требаат парите од партнерот и дека е независна жена.
Веста за бременоста на Гримес ја потврдил нејзин близок пријател за Just Jared, објаснувајќи дека пејачката во изминатите недели се откажала од алкохолот, водејќи сметка за состојбата на бебето. Ова ќе биде прво дете за основачот на компанијата „Тесла“ и неговата партнерка.