Елтон Џон ќе има концерт во Белата куќа пред 2.000 избрани гости

Пејачит Елтон Џон месецов ќе има настап во Белата куќа за прославување на обединувачката и обновувачка моќ на музиката. За настанот поканети се околу 2.000 гости, а меѓу нив лекари, просветни работници, студенти, активисти за правата на ЛГБТ заедницата.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил ќе ја пречекаат британската музичка поп легенда на 23 септември во Белата куќа. Најавено е дека Бајден и неговата сопруга ќе одржат говор.

Елтон Џон ќе настапи во Белата куќа на вечерата наречена „A Night When Hope and History Rhyme“, а концертот ќе биде пренесуван на неколку телевизиски станици.

 

 

 

Scroll to Top