Познатиот рапер Еминем клекна на колено откако го испеа својот хит Lose Yourself на полувремето на „Супербоул 2022“ во Инглвуд, Калифорнија, во знак на протест против полициската бруталност и расната нееднаквост во САД, пренесуваат странските медиуми.
Тие пренесуваат дека наводно поради овој потег, тој влегол во конфликт со американската НФЛ бидејќи многумина ги потсети на потегот што го направи поранешниот бек Колин Кеперник додека се интонира американската химна на НФЛ-натпревар како повик за расна правда пред неколку години. Додека, пак, за Д-ре напишаа дека тој наводно „се чувствувал одвратно цензуриран“, бидејќи НФЛ „имала проблеми со некои негови стихови“.
Сепак, официјалните лица на Лигата негираа дека имале какви било судири со Еминем пред или по неговиот настап. Тие изјавија за „Њујорк пост“ дека спортистите на „Супербоул“ клекнуваат од 2016 година без никакви санкции и дека други правила не важат за музичарите.