Актерката Ен Хатавеј (42), според многумина, изгледа двојно помлада. Таа се појави на Мет Гала 2025 година, само неколку недели откако почнаа гласините дека била подложна на пластични операции.
Актерката се појави на црвениот тепих на Мет Гала облечена во бела оверсајз кошула од Каролин Херера и црно-бело пругасто здолниште со монистра. Косата ја собра во висока опашка, што дополнително го истакна нејзиното лице. Избра минималистичка шминка со акцент на чиста кожа, а ѕвездата на „Ѓаволот носи Прада“ повторно предизвика шпекулации за можна пластична хирургија.
„Ен Хатавеј не старее, човече“, „Ѓаволот носи Прада 2. Ен Хатавеј, никогаш не старееш“, „Не изгледа толку стара“, „Треба да се јавам на дерматолог и да нарачам пакет Ен Хатавеј/Линдзи Лохан“, се само некои од коментарите. Нејзиниот младешки изглед стана тема на дискусија минатиот месец, откако се појави во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за есен 2025 година.
Мет Гала традиционално се одржува првиот понеделник во мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, а покрај тоа што ги собира познатите личности од светот на модата, музиката и филмот, има и хуманитарен карактер.
Овогодинешната тема Superfine: Tailoring Black Style се фокусираше на модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрес-кодот „Кроен за вас“ им даде можност на гостите да го изразат својот стил преку персонализирани кроеви и реинтерпретација на машката мода.