Енрике Иглесијас и Ана Курникова го добија четвртото дете, објавија фотографија

Семејството на Енрике Иглесијас и Ана Курникова стана побогато со уште еден член. Познатиот пејач (50) и поранешната тениска ѕвезда (44) ја објавија среќната вест дека го добија своето четврто дете во средата, 17 декември.

Двојката ја сподели среќната вест со заедничка објава на Инстаграм, заедно со фотографија од новороденчето завиткано во ќебе со болничка капа. Во описот, тие кратко напишаа: „Моето сонце – 17.12.2025 година.“, засега не откривајќи го полот или името на новороденчето. Новиот член на семејството им се придружува на осумгодишните близнаци Луси и Николас и петгодишната ќерка Мери.

Енрике и Ана се запознаа во декември 2001 година на снимањето на неговиот музички спот за песната „Escape“, а ја потврдија својата врска следната година на црвениот тепих на доделувањето на MTV Video Music Awards. Курникова никогаш не ја криела својата желба за мајчинство и во 2011 година, шест години пред раѓањето на близнаците, таа изјави дека сака да има деца затоа што сака да се грижи за другите.

фото/депозитфотос

Scroll to Top