Енрике Иглесијас, поради лошите односи со татка си, се откажа од наследството вредно 800 милиони евра

Пејачот Енрике Иглесијас се откажа од наследството на неговиот татко, познатиот шпански пејач Хулио Иглесијас. Шпанските медиуми пишуваат дека Енрике е во лоши односи со неговиот татко, па и затоа се откажува од семејното наследство.

„Нивната врска никогаш не беше многу добра, со години не се слушнале, не зборуваат дури ни по телефон. Енрике чувствува дека кариерата ја изградил без да му помогне татко му“, пишува „El Nacional“.

Тоа е и една од причините зошто пејачот донел ваква одлука, иако има поеднакво право на наследството на Хулио Иглесијас како и останатите осум деца од смејството. Хулио има богатство во вредност од околу 800 милиони евра, а на Енрике би му припаднале дури 100 милиони. Хулио Иглесијас своето богатство делумно го заработи преку многу успешната пејачка кариера, но и со инвестирање во недвижнини во Доминиканска Република. Тој е сопственик на вили во Мајами и на Бахами, има приватен авион вреден 45 милиони евра, бренд вотка, винарска визба, ресторани, колекција на автомобили, акции во козметички компании и уште многу профитабилни бизниси.

 

 

 

Scroll to Top