Ештон Кучер: Поради изгледот не добивав улоги што ги посакував

Американскиот актер Ештон Кучер изјави дека неговата физичка привлечност понекогаш му била пречка во кариерата. На панел на „New York Comic Con“ тој рече дека „постојат улоги што ги добил поради изгледот, но и многу што ги изгубил токму поради тоа“, додавајќи дека тоа знаело да биде фрустрирачки.

Кучер (47) објасни дека сакал да игра „понесреќни“ и посложени ликови, но режисерите често не можеле да го замислат во такви улоги.

Актерот моментално работи на новата серија The Beauty за „Хулу“, чија премиера е најавена за 2026 година. Приказната ја следи појавата на болест што ги прави заразените луѓе поубави – но на крајот ги убива. Кучер ја опиша улогата како „една од најголемите радости“ во неговата кариера.

Scroll to Top