Глумецот Ештон Кучер трчаше на маратонот во Њујорк и собра еден милион долари во хуманитарни цели преку својата фондација „Торн“. Целта на оваа организација е да се стави крај на сексуалното насилство врз децата.
Кучер маратонот од 42 километра го заврши за 3:54:01. Тој на крајот беше на 8.139. место од вкупно 48.000 натпреварувачи.
По трката, глумецот изјави дека ќе се пријави и следната година, а додека трчал, само размислувал за тоа како да стигне до целта зашто му било важно да собере што е можно повеќе пари за децата на кои им треба помош.