Холивудската актерка Ева Лонгорија (49) со години е позната како една од најубавите жени на светот. Иако најчесто ја гледаме на екраните и црвените теписи во беспрекорно негувано издание, оваа актерка не се срами од природниот изглед, па оди и на шопинг без шминка.
Таа неодамна беше така фотографирана по купувањето во продавница во популарната населба Беверли Хилс, а на лицето ги немаше ниту вештачките трепки, кои обично ги носи. Таа носеше лежерна бела комбинација на патики, плетен џемпер и широки панталони.
Таа во една прилика објави видео за нега на кожата во природно издание, а покажа и што користи за секојдневните прилики кога се шминка.
„Веројатно не ме препознавате без трепки и шминка“, се пошегува Ева во видеото на YouTube, под кое набрзо почнаа да се слеваат комплименти на нејзината сметка.
„Сакам колку природно изгледа, без филери за усни и драстични промени“, „Изгледа толку автентична и забавна. Без филтри или измами“, „Таа не само што е природно убава туку има и вистинска харизма и смисла за хумор“, се некои на коментари.