Ева Мендес: Не сакам да снимам насилни и сцени со секс

Глумицата Ева Мендес во американската емисија The View, откри дека не сака да снима насилни и сцени со секс. Таа рече дека имала список на работи кои планира да ги направи во иднина и дека по осум години преокупација со мајчинството, сега сака да ѝ се врати на глумата.

„Како и во времето пред да имам деца, така и сега сум подготвена на сè. Ако добијам некаква понуда за улога сигурно тоа нема да биде со насилство или сцени со секс. Списокот инаку е краток“, рече Мендес.

Една од водителките, познатата глумица Вупи Голдберг ја праша дали би соработувала со продукцијата „Дизни“, на што Мендес ѝ одговори дека би сакала да се случи тоа.

Таа од порано откри за какви улоги во Дизни сака да глуми.

„Повеќе сакам да бидам негативенц. Ми се допаѓаат негативците во филмовите на „Дизни“. Тие се баш забавни“, рече Мендес.

За потсетување, таа е во брак со глумецот Рајан Госилнг, а двајцата имаат и две ќерки, Есмералда и Аман.

 

 

Scroll to Top