Евелин од „Два и пол мажи“ е во врска со 32 години помлада глумица

Глумицата Холанд Тејлор позната по улогата на Евелин во серијата „Два и пол мажи“, е во врска со 32 години помладата глумица Сара Полсон. Се запознале на забава во 2005 година, но дури десет години подоцна почнале да си праќаат пораки преку социјалните мрежи и почнале врска.

Јавноста за двете првпат дозна во 2015 година, кога Холанд сподели фотографија од Сара на црвениот тепих, а потоа во подкастот Death, Sex & Money рече дека е во сериозна врска со многу помлада девојка од неа. 

„Тоа е најубавата, најнеобична работа која некогаш ми се има случено во животот“, рече Тејлор.

Врската ја потврдија двете месец дена по подкастот и открија дека Сара била првата која и пишала. Брзо потоа почнале да се појавуваат заедно во јавност и рекоа дека двете си се најголема поддршка една на друга.

Често гостуваат и зборуваат за разликата во години. Велат дека на многумина им е необична, а Сара во едно од нејзините интервјуа рече:

„Не сакам да бидам дефинирана по тоа со кого го делам креветот, домот или душата. Моите избори во животот се неконвенционални, но тоа е моја работа. Сакам да живеам одговорно и вистински, без никакви затскривања. Нашиот однос претставува одредена доза на надеж и ризик. Можеби има нешто храбро во тоа. Можеби ги поттикнува и другите да се одлучат да повлечат храбри избори. Што друго може да се рече, едноставно си се сакаме“.

 

Scroll to Top