Фановите на Том Хенкс (65) се загрижени за здравствена состојба, затоа што актерот не можел да го контролира тресењето на неговата рака, додека држел говор во Австралија. Неговата рака почнала неконтролирано да се тресе додека зборувал на премиерата на филмот за Елвис Присл.
„Нема подобро место на светот за снимање на филм од тука на Златниот Брег“, рече Хенкс.
Држејќи го микрофонот со десната рака, Хенкс се обиде да ја смири левата рака која почна да му се тресе додека му беше во џебот. Тој ја стави под десната на микрофонот. Потоа го фати микрофонот со левата рака, но таа продолжи да му се тресе.
„Што се случува со неговата рака? Дали Том е болен? Загрижена сум за него, погледнете како му се тресе? Делува дека му е непријатно што до толку му се тресе раката“, биле само некои од коментарите на фановите.