Тејлор Свифт три дена по ред настапуваше во Единбург, Шкотска, каде нејзините обожаватели предизвикаа галама за време на концертот, а внимание привлече снимката на која пејачката брише слуз од носот, што ги згрози некои обожаватели кои веројатно никогаш не го направиле тоа.
@xcrystine grace personified @Taylor Swift @Taylor Nation #TSTheErasTour #EdinburghTSTheErasTour #swiftie #edinburghn1 #erastour ♬ original sound – xcrystine
Познатата пејачка моментално е среде нејзината турнеја Ерас, најголемата светска турнеја на музичар во последните неколку децении, а за време на настапот во Шкотска беше снимена како си го брише носот за време на изведување на песната Don’t Blame Me, по што може да се види како ја брише раката од костимот во кој настапува.
THIS IS CRAZYYY…. pic.twitter.com/MFojMV63qk
— SPOON𐙚 (@SPOONGRANDE) June 11, 2024
Откако протекоа неколку од овие видеа, фановите имаа различни реакции на нејзиното однесување.
„Сум видел три различни видеа на Тејлор како го брише носот во последните 30 минути, таа мора да носи марамчиња со себе на сцената“, напиша едно лице на Икс.
Се чини дека на популарната пејачка не и било лесно да настапува во Шкотска на само 8 степени Целзиусови. За време на концертот поради студот морала да носи ракавици, а на самиот концерт истакнала дека и „се грчат рацете од студот“.
„Многу ми е жал, ова никогаш досега не се случило, но мојата рака е замрзната, само ќе ја загреам. Многу ми е непријатно“, рече таа на сцената.