Фаталната русокоса има ново момче, но се уште зборува за колегата: „Обожавам да бидам со него“

Една од најпопуларните млади актерки, Сидни Свини, проговори за долгогодишните гласини дека е во врска со нејзиниот колега од „Anyone But You“, Глен Пауел.

Сидни ужива во романса со Скутер Браун, кој е доста озлогласен во Холивуд и бројни познати имиња, вклучувајќи ја и Тејлор Свифт ја раскинаа соработката со него.

Во неодамнешното интервју за „Варајати“, Сидни конечно проговори за својата врска со Пауел, која привлече толку многу внимание.

„Глен и јас искрено се грижиме еден за друг и имаме љубов и почит еден кон друг. Обожавам да бидам со него и мислам дека луѓето таму видоа прекрасен пар“, рече таа.

Сидни додаде дека никогаш не сакале да го искористат тоа за промотивни цели, туку дека медиумите го измислиле сето тоа.

„Искрено, медиумите сами го направија тоа, немаше поддршка. Дури и кога само стоевме еден до друг, беше како: Еве ги, стојат пет сантиметри еден до друг“, рече таа.

Во времето на снимањето на филмот „Anyone But You“, Сидни беше верена со Џонатан Давин, со кого подоцна раскина. Многу се пишуваше за хемијата меѓу неа и Пауел, но се чини дека сè остана на ниво на гласини.

фото: принтскрин

Scroll to Top