ФБИ ќе ја испрашува Памела Андерсон поради врската со Асанж

Федералното истражно биро (ФБИ) наскоро под закана на обвинителството ќе биде принудено да ја испрашува американската актерка Памела Андерсон (50) поради врската што ја имала со Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“.

Асанж е познат во јавноста како човекот што објавил стотина илјади американски доверливи дипломатски документи.

Памела, која се прославила во серијата „Чувари на плажата“, како што вели, била подготвена за испрашување.

„Го обожавам Асанж. Тој е храбар и ништо не е повеќе секси од тоа. Го сакам“, изјавила Памела.

Асанж во амбасадата во Еквадор во Лондон се крие од 2012 плашејќи се да ѝ не биде испорачан во Шведска, каде што е обвинет за силување и сексуален напад.

Тој тврди дека потоа многу е веројатно Шведска да го испорача на САД.

 

 

Scroll to Top