Фелисити Хофман ја доби првата улога откако излезе од затвор

By

Актерката Фелисити Хофман, позната и како Линет Скаво од серијата „Очајни домаќинки“, ја доби првата улога откако излезе од затвор, а по скандалот со уписот на факултет на нејзината ќерка. Таа ќе глуми во комедија, жена чиј сопруг починал, а таа го наследува неговиот бејзбол тим. Серијата засега нема име, ниту се знае кој ќе глуми во неа, но, според  магазинот „Дедлајн“, таа ќе се прикажува на Еј-би-си на лето.

По скандалот со уписите на факултет, Хофман ретко се појавува во јавноста. Таа ја отслужи казната и доби 250 часа општественокорисна работа. Таа плати и 30.000 долари казна и треба да отслужи 1 година условна казна затвор, осносно да не го повтори делото. За истото дело, во скандалот со уписите на факултет, беше осудена и актерката Лори Лофлин, која во моментов е во затвор, заедно со нејзиниот маж.

 

Ќе ви се допадне