Поп-пејачката Ферги и актерот Џош Думел го прославија 4. роденден на својот син Аксел. 42-годишната пејачка објави фотографија со слаткото момченце и напиша:
„Среќен роденден, Аксел. Мама те сака.“
Инаку, пејачката го подготвува својот нов соло албум, кој треба да се појави во продажба на 22 септември.