Филмот „Барби“ заработи рекордни 155 милиони долари во премиерниот викенд

„Барби“ на Грета Гервиг заработи 155 милиони долари во американските кина во текот на викендот. Филмот, во кој Маргот Роби ја глуми култната кукла, покрај одличниот прв викенд дома, заработи 300 милиони долари во светски рамки.

Комбинираното издание на „Барби“ и „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, наречено ‘Барбенхајмер“, стана сензација на поп-културата и она што би можело да ја оживее филмската индустрија, која според познавачите е во криза.

Барбенхајмеровата треска со два многу очекувани, но сосема различни филма кои истовремено дојдоа во кината, предизвика огромни гужви во кината.

Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“, за создавањето на атомската бомба ги надмина очекувањата и заработи 80,5 милиони долари во американските кина. Битката за првото место на боксофисот, на шега беше наречена ‘Барбенхајмер’, а американски медиуми објавуваа фотографии на Килијан и Маргот алудирајќи на трката.

Податоците за заработка се значаен поттик за студијата и киносалите, кои досега имаа разочарувачко лето. Продажбата на билети падна под нивото од минатата година и покрај повеќе филмови во кинеплексите. ‘Барбенхајмер’ треската со два долгоочекувани, но сосема различни филма, кои пристигнаа во исто време, предизвика голем метеж во киносалите.

„Барби“ е филм за кукла, која се појави пред шеесет години, од перспектива на режисерката Грета Гервиг. Со заработка од 155 милиони долари во првата недела од прикажувањето ја надмина онаа на „Супер Марио Брос“. „Барби“ е и филм на жена режисер со најдоброто отворање досега.

Во драмата „Опенхајмер“, Килијан Марфи го глуми американскиот физичар Џеј Роберт Опенхајмер, кој ја создал атомската бомба. Филмот доби одлични критики и се очекува да биде номиниран за повеќе „Оскари“. Филмот заработи дополнителни 93,7 милиони долари на меѓународните пазари, со што вкупната вредност достигна 172,2 милиона долари, според дистрибутерот „Јуниверзал пикчрс“.

Scroll to Top