Филмот „Украдено лице“ со Џон Траволта и Николас Кејџ ќе добие продолжение

Режисерот Адам Вингард на својот „Инстаграм“ објави дека набргу планира да работи на продолжение на култниот трилер „Украдено лице“, во кое главните улоги ги имаа Николас Кејџ и Џон Траволта.

Ваквата најава стигна откога многубројни медиуми ја пренесоа веста дека набргу ќе се сними римејк од прочуениот трилер. Како што објавија тие викендов, Адам, кој е режисер на филмот „Годзила против Конг“, требаше да напише сценарио за новата верзија од 1997 година.

Но, тој бргу ги негира ваквите вести и најави дека нема да има римејк, туку продолжение.

„Никогаш не ми паднало на памет да снимам римејк за ‘Украдено лице’. Тоа е совршен акционен филм. Сајмон Барет и јас ќе напишеме директно продолжение“, напишал Вингард на својот инстаграм-профил.

За потсетување, Вингард и Барет претходно соработуваа на хорор-филмот „Вештерките од Блер“, „Гостин“ и „Грозен ден за умирање“.

Оригиналниот „Украдено лице“ беше во режија на Џон Ву, а Џон Траволта и Николас Кејџ беа главните ликови. Траволта играше агент на ФБИ, а Кејџ беше терорист. Во сценариото двајцата меѓусебно го променија својот физички изглед.

Тоа е прв холивудски филм што на Ву му донесе големо признание. Поради своите глумечки изведби, двоецот Кејџ и Траволта доби одлични критики. Остварувањето беше познато по стилизираните акциони секвенции, оригиналноста и ироничниот хумор.
Оригиналното дело оствари и голем комерцијален успех како филм со најголема заработка таа година. Во оригиналната глучмака екипа беа Џон Ален, Алесандо Нивола, Џина Гершон и други.
Scroll to Top