Флојд Мејведер е на црната листа на Бугати, прекршил важни правила на компанијата

Производителот на автомобили „Бугати“ го стави на црна листа поранешниот американски боксер, Флојд Мејведер Јуниор откако боксерот продал еден од автомобилите за многу повеќе пари отколку што го купил.

Токму поради овој потег на боксерот „Бугати“ го стави Мејведер на црната листа, иако има колекција на автомобили од оваа автомобилска компанија.

Уште од самиот почеток „Бугати“ му даваше посебен третман и привилегии како вип клиент.

Сега Мејведер одлучил да започне со промоција на еден од нивните главни конкуренти – Ламборгини, тој неколку пати е виден како вози автомобили од овој бренд.

Неговото богатство се проценува на повеќе од 1,2 милијарди долари, а често се фали во јавноста со своите пари, автомобили, скапи часовници и накит, а често бил и мета на критичарите.

 

Scroll to Top