„Форбс“ ја избра Мекензи Скот за најмоќна жена на светот

Магазинот „Форбс“ ја одбра, Мекензи Скот, за најмоќната жена во светот. Магазинот објави листа на 100 најмоќни жени, а на врвот се најде поранешната сопруга на милијардерот Џеф Безос.

Мекензи зад себе состави листа на познати жени како Хамила Харис, Кристина Лагард, Мери Гери и Мелинда Гејтс. Кога се разведе од милијардерот Безос, таа вети дека добар дел од средствата кои ги добила од бракоразводната праница ќе ги подели во хуманитарни цели, пишува „Форбс“.

„Имам неизмерна количина на пари кои ќе ги поделам, а тоа ќе го правам сè додека не биде празен“, рече таа во 2019 година.

Поранешната сопруга на Безос оформи и група за борба против злоставувањата, а во 90-те му помогна на милијардерот да ја основи компанијата „Амазон“. Според „Форбс“, Мекензи има богатство од 57 милијарди долари, од кои 8,9 ги има поделено во повеќе од 780 организации.

Овие организации ги промовираат прашањата за рамноправност на половите, расните права и јавното здравство. Мекензи нема канцеларија и персонал. Сите донации ги уплатува со помош на сопругот Ден кој е истражувач и советник на непрофитна конзулантската компанија Bridgespan.

Нема управен одбор, а бидејќи нејзините донации не идат преку добротворни фондации, нема ни барања за извештувања. Во споредба со Фондацијата Гејтс, која има речиси 1800 вработени и која во 2020 година заработи 5,8 милијарди долари бесповратни средства, Скот истата година подели слична сума на пари.

Инаку Мекензи своите донации ги дава без ограничувања што значи дека организацијата која ги добива може да ги користи онака како што смета дека е соодветно, пишува „Форбс“.

Scroll to Top